857
Откако судијката Васка Николовска Масевска соопшти дека Бојан Јовановски е осуден на 9 години затвор, а Катица Јанева на 7 години затвор, обвинителката Вилма Русковска побара мерка притвор за двајцата обвинети.
Јовановски со месеци е во притвор во истражниот затвор “Скопје”, а Јанева е во куќен притвор, поради што Русковска побара истиот да се замени со притвор.
Адвокатите на обвинетите се спротивставија на ваквото барање.
По советување на судечкиот совет ќе биде позната одлуката за тоа каде Јанева и Јовановски ќе бидат до правосилнот на пресудата.