Обвинителката Вилма Рускоска побара да бидат огласени за виновни сите 18 обвинети за упадот во Собранието на 27 април и за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“.
Единствено за обвинетиот Оливер Радулов побара да биде огласен за виновен за помагање по член 313 во врска со член 24. За ова кривипчо дело на обвинитеите им се зканува затворска казна најмалку од десет години.
За време на завршните зборови, таа рече дека најголем впечаток и оставила не толку упорноста на обвинитеите, колку нвната опрганизираност.
„Очекувам и организаторите на упадот во Собранието да застанат во истата оваа судница. Со обвинението докажавме дека на 27 април е изведен организиран, насилен упад во една од најважните институции на државата. Докажавме дека ова не беше спонтано, ниту резултат на зовриени емоции, туку беше со умисла планиран и спроведен напад од лица кои седат во оваа судница, но и оние кои благодарение на законот за амнестија не се веќе во судницата – рече таа.
Рускоска додаде дека случајот не претставува политички прогон и политички реваншизам, туку е насилен чин за да се спречи изборот на претседател во Собранието.
Таа потенцира дека настанот предизвикал чувство на страв кај сите граѓани на Македонија.
Обвинителката изрази надеж дека наскорто ќе биде покрената истрага и за организаторите на упадот.