285
Не извршив увид во доказите, не знам што имаат освен делови кои се прибавени од организиран криминал. Ја видов кривичната, но не бев заинтересирана да ја видам изјавата на Арафат Муареми – изјави обвинителката и екс-шефица на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, на прес откако беше повикана да даде исказ пред обвинител во ОЈО Скопје по поднесената кривична пријава против неа од екс-директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми.
Рускоска на пресот пред ОЈО кажа дека очекува да се отфрли предметот.