Русковска: Груевски му пишал на Трајко дека ќе се бира претседател на Собранието, наскоро ќе бидат познати нарачателите

by fokus

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат рече дека наскоро ќе се знаат нарачателите и организаторите на упадот во Собранието на 27 април.

Таа го посочи телефонскот разговор на Нинџа со неговиот брат, дел од обезбедувањето на екс-премиерот Никола Груевски, кој во тоа време беше во Виена и дека после него започнала организацијата на обвинетите за упадот и насилството.

–После тој разговар Нинџа и Кољо почнуваат да се јавуваат по луѓе, дел со маски дел без маски, кои тргнаа во Собранието, а голем дел и влегоа. Има и друг момент, во 16.30 часот Никола Груевски му праќа порака на Трајко Вељаноски дека од сигурни извори разбрал дека дента ќе биде биран нов претседател на Собранието. Така да, ако ги земеме сите овие работи, и повеќе посредни докази укажуваат дека нешто се случило и како се случило. Дека тоа не било разговор од приватен карактер– рече Русковска.

Таа најави дека наскоро ќе биде покрената наредба за истражна постапка во која ќе бидат откриени организаторите и нарачателите на упадот во Собранието. Јавноста, рече Рускоска, наскорот ќе ги дознае нарачателите и организаторите. Додаде дека тоа што се случувало во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а што беше соопштено во исказот на Нинџа, е поврзано со предистражната постапка која што се води во Јавното обвинителство.

 

Поврзани новости