Јавната обвинителка Вилма Рускоска денеска изјави дека се прибираат докази за лицата кои беа дополнително споменати на судењето за случувањата во Собранието за 27 април, оти, како што рече, не може да се поведе постапка само врз основа на исказ на еден обвинет. Таа потенцира и дека ако има докази нема да има проширување на постапката, туку оти може да има комплетно нова.
-Врз база на сведочењата за случувањата на 27 април, за лицата кои беа дополнително споменати се прибираат докази, затоа што знаете дека само врз база на изјава на еден обвинет не може да се води постапка. Не може да се води постапка, ниту врз база на изјава на еден сведок ако нема материјални докази, рече Рускоска одговарајќи на новинарско прашање пред конференцијата за борба против корупцијата.
Таа потенцира и дека нема да има проширување, туку оти евентуално може да има нова постапка.