Руско-украинската војна го ослабе и еврото

by Fokus

Еврото падна на најниско ниво во однос на американскиот долар од мај 2020 година поради стравувањата дека руската војна против Украина особено тешко ќе ја погоди економијата на регионот.

Еврозоната не е само близок сосед, туку и многу зависи од испораките на руски гас,  а според светските економски аналитичари од кризата не е погодена само рубљата.

Еврото денеска се тргуваше за околу 1,1092 во однос на доларот, во споредба со 1,1325 пред почетокот на војната во средата, 22 февруари.

Рубљата исто така падна денеска за време на главната трговска сесија на Московската берза за повеќе од 8 отсто во однос на доларот и еврото, пренесe ТАСС.

Руската валута во однос на доларот се тргуваше во пад за 8,4 отсто, на ниво од 90 рубљи, додека во однос на еврото потона за 8,8 отсто и се менуваше за дури 101,19 рубљи за евро.

Поврзани новости