Руско МНР: Ако Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор од Москва

by Fokus

Русија ќе одговори доколку Јужна Кореја го испрати своето оружје во Украина, а таквиот потег на Сеул би имал негативни последици за односите со Москва, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко.

„Сеул мора да биде свесен дека евентуалната употреба на јужнокорејско оружје за убивање руски граѓани конечно ќе ги урне односите меѓу нашите земји. Секако, ќе одговориме на сите начини на кои сметаме дека се неопходни“, изјави Руденко за ТАСС.

Тој истакна дека таквиот чекор веројатно нема да ја подобри безбедноста на Јужна Кореја и го повика Сеул внимателно да ја процени ситуацијата и да не презема „непромислени“ чекори.

Руденко истакна дека се надева оти раководството на Јужна Кореја своите одлуки ќе ги заснова на долгорочни национални интереси, а не на, како што наведе, краткорочни опортунистички размислувања кои му се пренесуваат однадвор, пренесува Танјуг.

Поврзани новости