Руските служби и советници го лажат Путин, тврди Шолц

by Фокус

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази сомневање дека претседателските советници целосно го информираат претседателот Владимир Путин за ситуацијата во Украина.

Шолц вели дека е убеден оти рускиот претседател не е добро информиран и дека неговите служби кријат многу од него.

-На пример, колку руски војници загинале во оваа војна – посочува германскиот канцелар.

Според него, Русија не може да излезе како победник од оваа ситуација, без разлика како ќе заврши конфликтот.

-Оваа војна ја уништува не само Украина туку и иднината на Русија – рече тој додавајќи дека без мирно решение, Русија нема да може да се врати ниту на умерен економски раст.

Во исто време, стигна веста дека Германија одобри продажба на неколку десетици пешадиски борбени возила, кои некогаш и припаѓале на поранешната комунистичка Источна Германија.

Поврзани новости