Руските сили ги презема генерал со искуство од војната во Сирија

by fokus

Западен официјален претставник потврди дека Русија сега ја реорганизирала командата на своите операции во Украина со тоа што сега поставила генерал кој имал големо искуство од војната во Сирија, пишува Би-Би-Си.

Силите кои извршија инвазија на 24 февруари беа организирани и командувани одвоено од областа од која дојдоа.

-Имаше навистина лоша координација меѓу тие различни команди, рече официјалниот претставник, бидејќи руските сили никогаш не биле обучени да работат на овој начин. Командантот на јужниот воен округ сега е задолжен за операциите во обид да се обезбеди подобра координација – се наведува дека ова е генералот Александар Дворников.

-Тој конкретен командант има големо искуство од руските операции во Сирија. Така, би очекувале да се подобри целокупната команда и контрола, рече официјалниот претставник.

 

Поврзани новости