Американските испораки на артилериска муниција во Украина ќе се вршат првенствено преку Германија и Полска. Министерството за одбрана на САД веќе некое време се подготвува за почеток на испораките. Украина долго ја чекаше таа важна одлука на американскиот Сенат – се работи за нов пакет помош во износ од 60 милијарди долари (56 милијарди евра). На фронтот во источниот дел на земјата, украинските војници се под силен артилериски оган од руските сили, на што украинските војници поради недостиг на муниција едвај можат да одговорат.
„Министерството за одбрана работи напорно во последниве недели за да подготви сè“, вели поранешниот врховен командант на американските копнени сили за Европа, Бен Хоџис, во интервју за ДВ. Тоа значи дека Пентагон веќе го подготвил оружјето, па сега се може брзо да се пренесе преку граница“, објаснува германскиот експерт за безбедност Нико Ланге во интервју за Дојче веле.
Веќе постои разработен транспортен систем на украинската граница, подготвен да го заштити транспортот од руски воздушни напади.
„Од почетокот на големата руска инвазија пред две години, земјата воспостави „расфрлана логистика“ за испорака на западна воена опрема“, вели Ланге. „Стоката не се става во еден воз, кој може да биде примамлива мета, туку се дистрибуира на различни, кои често патуваат до своите дестинации ноќе.
Украина сега има на располагање флота од западни тешки транспортери за патен сообраќај. Во Украина во текот на ноќта беше воведен полициски час, што и отежнува на московската разузнавачка служба, особено на шпиони на терен, да ја лоцираат рутата за снабдување.
„Поранешниот американски генерал-полковник Хоџис вели дека руските воздухопловни сили, иако имаат многу подобри авиони, досега не успеале да уништат ниту еден воз или конвој што превезувал муниција или опрема од Жешов, Полска, преку Украина.