Руските разузнавачи ги обвинуваат САД дека се обидуваат да се мешаат во руските претседателски избори

by Fokus

Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) денеска ги обвини САД дека се обидуваат да се мешаат во руските претседателски избори и објави дека Вашингтон дури планира да изврши сајбер напад врз системот за гласање преку Интернет.

СВР објави дека има информации дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден им поставила задача на американските невладини организации да ја намалат излезноста на гласачите.

„Со учество на водечки американски ИТ експерти, планирано е да се извршат сајбер напади врз далечинскиот електронски систем за гласање, што ќе го оневозможи пребројувањето на гласовите на значителен дел од руските гласачи“, се вели во соопштението.

СВР, кој беше создаден како наследник на Првата главна управа на КГБ во декември 1991 година, не обезбеди докази за своите тврдења, според Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој речиси сигурно ќе победи на претседателските избори од 15 до 17 март, претходно го предупреди Западот дека секој обид на странски сили да се мешаат во гласањето ќе се смета за акт на агресија.

Поврзани новости