Руските дипломати ја напуштаат Украина

by Fokus

Вработените во руската дипломатска мисија почнаа да ја напуштаат Украина, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на неименуван, добро информиран, извор од Киев.

Според изјави на украински граѓани, руските дипломати и конзуларни службеници во Украина почнале да заминуваат за Русија, а за тоа сведочеле тешкотиите што настанувале при закажување термини во конзулатите и амбасадата.

Според соговорникот, во екот на официјално објавената евакуација од некои западни земји, ваквата постапка укажува на тоа дека и Москва одлучила да тргне по истиот пат.

Неколку западни земји ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина откако односите меѓу Русија и Западот достигнаа највисоко ниво на тензија од Студената војна, поради ситуацијата околу Украина. Западот тврди дека Русија подготвува инвазија на Украина, додека Москва ги отфрла ваквите обвинувања и официјално побара гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток.

Поврзани новости