Руските безбедносни сили: Спречивме напад на воен аеродром во Русија

by Fokus
Foto: Tass

Руските безбедносни служби тврдат дека го спречиле обидот на Украина со беспилотни летала да нападне воен аеродром во централна Русија.

ФСБ во соопштението на својата веб-страница соопшти дека цел на нападот бил авион А-50, дизајниран да дејствува како воздушен систем за рано предупредување, на аеродромот Северни во регионот на Иваново. Аеродромот е оддалечен 250 километри од Москва и околу 700 километри од украинската граница.

ФСБ вели дека нејзините агенти ја спречиле операцијата во соработка со руското Министерство за внатрешни работи.

Пилотот на лесното летало и другите членови на, како што ја нарече руската безбедносна агенција, „диверзантска група“ се уапсени во областа Тула, јужно од Москва, откако полетале од Украина, се вели во соопштението.

Поврзани новости