Руската амбасада во Македонија денеска по повод 24 Мај објави твит со честитка до македонскиот народ за светите браќа Кирил и Методиј. Од амбасадата споделија и цитат од рускиот претседател Владимир Путин.
-Му го честитаме на братскиот македонски народ Денот на светите Кирил и Методиј, кој се слави како државен празник. Денеска во Русија е свечен ден, Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја, рече Путин, е наведено во твитот на руската амбасада во Скопје.
За разлика од оваа порака, руската амбасада во Бугарија со поинаква порака. Руската амбасадорка Елеонора Митрофанова во видео пораката изјави дека честитката ја упатува кон Денот на Св. Кирил и Методи, на бугарската азбука, просвета и словенска книжевност, затоа што без сомнение улога на Бугарија во формирањето и распространувањето на словенската писменост, јазик и култура е бесценето.