488
Уставниот суд на Русија денеска го одобри Законот за уставни измени со кој ќе се овозможи рускиот претседател Владимир Путин да остане на власт уште 16 години. Законот допрва треба да биде одобрен на национален референдум закажан за 22 април.
Одобрувањето на Судот дојде само два дена откако Путин го потпиша Законот.
Според сегашниот закон, Путин не би можел да се кандидира за претседател во 2024 година поради ограничување на мандатот, но новата мерка ќе го „ресетира“ бројот на мандати, дозволувајќи му да се кандидира за уште два шестгодишни мандати.
Путин е на власт во Русија од 2000 година.