Рускиот патријарх Кирил: Состојбата со мигрантите се влоши, Русите го губат идентитетот

by Fokus

Ситуацијата со мигрантите кои не зборуваат руски и не ја почитуваат руската култура се влоши во последната година, а ако продолжи овој тренд, постои ризик Русите да се загубат себеси, да ја загубат Русија, изјави денеска поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил.

– Важна тема на која сметам дека е неопходно да се вратам е збир на проблеми поврзани со последиците од доаѓањето на бројни мигранти кои не се трудат и не сакаат да се интегрираат во нашата земја, општество или барем да научат да почитуваат верските и културните обичаи на нашата земја. А ситуацијата е влошена во однос на минатата година – рече патријархот Кирил, како што е наведено на веб-страницата на црквата.

Според неговите зборови, има „сè повеќе докази“ за здружување на мигранти во криминални заедници, како и за конфликтите и проблемите поврзани со тоа, пренесува РИА.

– Ги повикувам претставниците на државните органи и лидерите на бизнис заедницата кои бараат евтина работна сила да запомнат дека ако продолжи опишаниот тренд, ќе се изгубиме себеси, ќе ја изгубиме Русија – мултинационална држава, чиешто јадро се руските православци – нагласи Кирил.

Тој додаде дека идентитетот на рускиот народ „треба да биде заштитен од надворешна ерозија, или поради миграцијата или наметнувањето на глобалистичката култура“, и дека најдобрата форма на одбрана е создавањето и дека е важно рускиот народ да го цени нивната религија, историја и култура.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, сумирајќи ги резултатите од годината, рече дека проблемот со вработените мигранти не е едноставен, туку дека економските проблеми не смеат да се решаваат на сметка на домородното население.

Според него, неопходно е сите мигранти „да ги почитуваат нашите закони и традициите на народот на Руската Федерација, а надлежните органи да го надгледуваат тоа“.

Поврзани новости