Рускиот парламент гласа за 17 март како датум за одржување на претседателските избори

by Fokus

Советот на Руската Федерација, Горниот дом на парламентот, в четврток ќе гласа за предлогот претседателските избори да се одржат на 17 март следната година, најави висок претставник.

– Тоа прашање ќе биде доставено на следната пленарна седница на Советот на Федерацијата на 7 декември 2023 година – објави Андреј Клишас, шеф на Претставничкиот комитет за уставно законодавство, на својот Телеграм канал.

Објавувањето на датумот за избори е формалност, но ќе го отвори патот за очекуваната најава на претседателот Владимир Путин дека ќе се кандидира за уште еден шестгодишен мандат.

Путин (71) е на власт како претседател или премиер од последниот ден во 1999 година, кога Борис Елцин поднесе оставка и го назначи за вршител на должноста шеф на државата.

Нема сериозен ривал да го оспори на изборите. Најпознатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални отслужува казна од повеќе од 30 години во казнена колонија.

Ако заврши уште еден шестгодишен мандат во Кремљ, Путин ќе го надмине Јосиф Сталин – кој го предводеше Советскиот Сојуз од 1924 до 1953 година – за да стане руски лидер со најдолг стаж од царицата Катерина Велика во 18 век, пишува Ројтерс.

Поврзани новости