Рускиот опозиционер Кара-Мурза осуден на 25 години затвор бидејќи се спротивстави на војната во Украина

by fokus

Опозицискиот активист Владимир Кара-Мурза е осуден на 25 години затвор за предавство и други обвиненија поврзани со неговата критика за војната во Украина.

Поранешниот новинари и политичар е последниот од голем број противници на Путин кои беа уапсени или принудени да избегаат од Русија.

Тој ги отфрли обвиненијата и гласно го критикуваше неговото судење.

Минатата недела тој пред московскиот суд изјави: „Останувам на секој збор што сум го кажал“.

„Не само што не се каам за ништо од ова, туку и горд сум на тоа“, додаде тој.

Освен што ја критикуваше таканаречената „специјална воена операција“ во Украина,  Кара-Мурза исто така отворено зборуваше против претседателот Владимир Путин и репресијата на неговата влада.

41-годишникот одигра клучна улога во убедувањето на западните влади да ги санкционираат руските функционери за кршење на човековите права и корупција.

Неговата 25-годишна затворска казна е највисоката што ја бараа обвинителите и е најдолгата казна што досега ја добила една опозициска личност.

Поврзани новости