Рускиот Мекдоналдс започнува со работа и се вика „Вкусно и точка“

by Fokus

Откако Мекдоналдс официјално го напушти рускиот пазар, во оваа земја денеска се отвара локалната верзија на овој американски синџир за брза храна,  а новото име на брендот ќе биде „Вкусно и точка“. Компанијата кажа дека утре ќе почнат со работа уште 50 ресторани.

-Денешниот ден означува почеток на нова ера за руските љубители на брза храна, откако „Мекдоналдс“ ги затвори сите свои 850 ресторани во март, а минатиот месец донесе одлука за целосно повлекување од Русија. Рестораните ги купи еден од локалните застапници на „Мекдоналдс“, Александер Говор, кој кажа дека планира да го прошири новиот бренд на повеќе од 1.000 локации низ целата земја.

Исто како во јануари 1990 година, кога се отвори првиот Мекдоналдс на плоштадот Пушкин во Москва, граѓаните ќе присуствуваат на отворањето на локален синџир на истото место.

„Зелената позадина на логото го симболизира квалитетот на производите и услугите на кои се навикнати нашите гости“, велат од компанијата.

„Мекдоналдс минатиот месец објави дека ги продава своите ресторани во Русија на еден од имателите на лиценца во Русија, Александар Говор. Ова е исто така една од највпечатливите заминувања на една компанија од почетокот на руската агресија врз Украина на 24 февруари“, пишува Ројтерс. пишува.

 

Поврзани новости