Рускиот космонаут Олег Кононенко го собори рекордот, помина најмногу време во вселената

by Fokus

Рускиот космонаут Олег Кононенко денеска го собори светскиот рекорд за вкупно време поминато во вселената, надминувајќи го својот сонародник Генадиј Падалка, кој помина повеќе од 878 дена во орбитата, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

Кононенко го собори рекордот во 9:30 часот, соопшти Роскосмос. Се очекува на 5 јуни рускиот космонаут да помине вкупно 1.000 дена во вселената, а до крајот на септември да биде таму 1.110 дена.

„Не летам во вселената за да поставувам рекорди, горд сум на моите достигнувања. Летам во вселената за да го работам она што најмногу го сакам, а не за да поставувам рекорди“, изјави Кононенко за руската новинска агенција ТАСС од Меѓународната вселенска станица (ISS), на околу 423 километри над Земјата.

59-годишникот го презеде првото место од Падалка, која помина вкупно 878 дена, 11 часа, 29 минути и 48 секунди во вселената, според Роскосмос.

Поврзани новости