Рускиот генерал-мајор Роман Кутузов загина во источна Украина. Александар Сладков, дописник на руската телевизија ВГТРК, извести за неговата смрт.
Од објавата на каналот на Телеграм на Сладков, произлегува дека Кутузов загинал, „водејќи ги своите подредени во нападот“.
Телеграмскиот канал „Извештаи од милицијата на Новоросија“ објави информација дека Кутузов починал во селото Николаевка кај Попасна, во регионот Луганск.
Вечерта на 5 јуни, Генералштабот на вооружените сили на Украина извести дека во областа Николаевка и Белогоровка, руските војници извршиле „јуришни операции“ и претрпеле „значителни загуби во жива сила и опрема“.
Која единица ја предводел генералот Кутузов сè уште не е објавено. Во 2019 година, тој беше споменат на веб-страницата на Министерството за одбрана на Руската Федерација како привремен командант на 29-та комбинирана армија, а во 2017 година – на 5-та.
Роман Кутузов е четвртиот руски генерал чија смрт за време на војната во Украина беше потврдена од различни официјални извори. Украинските власти известија за смртта на најмалку седум генерали, но најмалку двајца од нив се покажаа живи после тоа, напиша руската служба на Би-Би-Си.