612
Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников денеска изјави дека руските сили убиле повеќе цивили отколку украински воен персонал, опишувајќи ја руската инвазија како „терористичка војна“.
– Од почетокот на војната, бројот на украински цивили убиени од руските напаѓачи го надминува бројот на воениот персонал од сите одбранбени сектори паднати во борбите, рече Резников, пренесува агенцијата Укринформ.