Руски знамиња се вееја на државен празник во Бугарија

by Fokus

Одбележувањето на националниот празник на Бугарија – 3 Март и годинава минува тек-тук со понекое развеано руско знаме, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Десетици Бугари вееле знамиња на Русија на врвот Шипка, каде традиционално се одржува централната манифестација по повод ослободувањето на Бугарија.

Руски знамињња имаше и во центарот на Софија, само на неколку метри од официјалната церемонија пред Споменикот на Незнајниот воин, во која учествуваше бугарскиот претседател Румен Радев, а руски знамиња се вееја и на одбележувањето во Пловдив, нагласува mediapool.bg.

Бугарија денеска ја одбележува 145. годишнина од Ослободувањето. На 3 март 1878 година е потпишан Санстефанскиот договор со кој се завршува Руско турската војна 1877-1878, и со кој се формира Кнежевство Бугарија.

Извор: МЕТА

Поврзани новости