Руски воен брод во Црно Море уништи украински бродови кои го нападнале

by Fokus

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските сили се обиделе со три поморски дрона, или глисери без екипаж да нападнат еден од бродовите на руската Црноморска флота, извидувачкиот брод Иван Курс.

„Денеска во 5:30 часот вооружените сили на Украина неуспешно се обидоа да го нападнат бродот на Црноморската флота ‘Иван Курс’ со помош на три глисери без екипаж. Иван Курс извршува задачи за обезбедување на работата на гасоводите ‘Турски тек’ и  ‘Син тек’ со кои се пренесува пророден гас од Русија во Турција“, соопшти руското Министерство.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека сите три бродови се уништени со стандардното оружје на рускиот брод на околу 140 километри североисточно од Босфорот.

„Бродот ‘Иван Курс’ на Црноморската флота продолжува да ги извршува своите задачи“, се вели во соопштението.

Поврзани новости