379
Руски воен авион се урна во близина на висока станбена зграда во рускиот град Јеиск во југозападниот регион Краснодарски крај, кој граничи со полуостровот Крим, предизвикувајќи огромен пожар.
Медиумите јавија дека воениот авион од типот Су-24 се урнал додека бил на тренажен лет. Руското Министерство за одбрана соопшти дека причина за падот бил пожар во еден од моторите за време на полетувањето и дека пилотите успеале да се катапултираат.
Од видеото објавено на социјалните мрежи се сугерира дека по несреќата следела експлозија, а целиот дел од станбената зграда од првиот до деветтиот кат е во пламен.