Руски воен авион го нарушил воздушниот простор на Шведска

by Fokus

Руски авион Ан-30 на кратко навлегол во воздушниот простор на Шведска, соопшти армијата.

Шведските воени авиони го следеле инцидентот и го фотографирале рускиот авион. Во март четири руски авиони навлегоа во воздушниот простор на Шведска.

По руската инвазија врз Украина, Шведска и Финска интензивно разговараат за зачленување во НАТО. Русија, со која Финска дели 1.300 километри граница, соопшти дека ќе распореди нуклеарно оружје и хиперсонични ракети во нејзината балтичка енклава Калининград доколку Финска и Шведска одлучат да се приклучат на НАТО.

Поврзани новости