591
Руски транспортен авион Антонов Ан-26 со воена опрема се урна во јужниот руски регион Воронеж, во близина на Украина, при што загинаа сите членови на екипажот во авионот, соопшти Министерството за одбрана.
„За време на планираниот лет за транспорт на воена опрема, се урна авион Ан-26 на руските воздушни сили“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
„Екипажот загина“, се вели во соопштението, без да се наведат други детали детали.