Руски тајкун нуди милион долари за апсење на Путин

by Фокус

Рускиот бизнисмен Алекс Конањхин ветил дека ќе му плати 1 милион долари на оној што ќе го уапси рускиот претседател Владимир Путин за кршење на меѓународното право и за воени злосторства.

-Ветувам дека ќе платам 1 милион долари на полицаец или службеници кои, во согласност со нивните уставни должности, ќе го уапсат Путин како воен злосторник според руското и меѓународното право. Како етнички Русин и руски државјанин, верувам дека моја морална должност е да го забрзам процесот на денацификација на Русија. Ќе продолжам да и помагам на Украина да ги издржи нападите на ордата на Путин“, напишал на фејсбук Конањхин, руски бизнисмен кој живее во американската држава Калифорнија.

Овој бизнисмен тежок 300 милиони долари, кој доби азил од САД во 1999 година, додаде дека Путин е познат по тоа што ги убива своите непријатели.

Поврзани новости