Популарниот руски рап музичар Oxxxymiron ја откажа својата голема турнеја која требаше да се одржи во Москва и во други поголеми руски градови. Иако концертите веќе биле распродадени, во знак на протест против нападот врз Украина, тој порача дека настаните ги откажува.
-Денес јас нема да се држам до зборовите дека сум за мир и сум против војна. Сите се за мир и се против војна, но тоа не штити од лансирањето на инвазии.
Сакам да порачам дека сум против оваа специфична војна која Русија ја води против украинскиот народ. Верувам дека ова е катастрофа и криминал – соопшти музичарот.
Се повеќе руски музичари на своите официјални страници им даваат поддршка на своите колеги од Украина.
Раперите Каста, Шум и Змеј во заедничка објава порачаа дека категорично одбиваат да ја поддржат воената операција, која всушност е вистинска војна.
Вики Клинчарова