Најмалку 50 луѓе загинаа во руски ракетен напад врз селска продавница и кафуле во областа Харков во источна Украина. Ова е еден од најтешките руски напади во последните месеци.
Во кафулето кое било цел на нападот, како што изјави украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко, биле околу 60-ина луѓе кои присуствувале на комеморација по погреб на свој сограѓанин.
Официјален Киев соопшти дека меѓу загинатите е и шестгодишно момче. Во нападот се повредени уште седум лица кои се пренесени в болница.
Украинското обвинителство објави фотографии на кои се гледаат раскрвавени тела и екипи на итната помош кои ги пребаруваат урнатините на погодениот објект. Според прелиминарните информации на Украина, цивилниот објект бил погоден со проектил „искандер“.
Russian missile struck an ordinary grocery store in the Kupiansk district of the Kharkiv region. This was a fully deliberate, demonstrative, and brutal terrorist attack.
As of now, more than 51 people have been reported dead. My condolences to all those who have lost their loved… pic.twitter.com/yxIW2Xwy35
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 5, 2023
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како целосно намерен, брутален и терористички.