„Игралиште во близина на обична куќа. Секој ден Русија со својот терор докажува дека притисокот врз нив не е доволен“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм.
Тој објави слики од погоденото игралиште каде може да се видат две тела како лежат на земја. Едното беше тело на тешко осакатено дете, покриено со крв, прашина и остатоци. Веднаш до него се гледаше дел од проектилот, пишува „Н1“.
Виталиј Ким, регионалниот гувернер, ги пофали жителите на градот кои побрзаа на местото на настанот да помогнат пред да пристигне брзата помош. Тој на Телеграм напиша дека вториот проектил паднал на друго место во регионот.
Москва негира дека таргетирала цивили или цивилна инфраструктура за време на нејзината инвазија на Украина. Во нападите беа убиени и повредени илјадници луѓе.