Рускиот пилот кој пребегнал на украинската страна и и предал хеликоптер Ми-8 на својата армија ќе добие награда од половина милион долари, изјави денеска украинскиот портпаролот на украинското воено разузнавање Андриј Јусов кој рече дека парите ќе бидат исплатени во украинската валута – гривна.
Тој ги повика другите членови на руската армија да го следат примерот на дезертерот.
Украинските медиуми со денови пишуваат за пребегнувањето на 28-годишниот Русин, Максим Кузминов.
Украина има официјална листа на награди за воена опрема предадена од руски војници. За тенк, на пример, може да се добијат 100.000 долари.
Од друга страна, во Русија се плаќаат бонуси за авиони, тенкови и друго оружје.
– Украина е демократска држава под владеење на правото. Ние ги исполнуваме сопствените обврски и (обврските) од меѓународното право – рече Јусов.
– Затоа, повторувам уште еднаш, оние Руси кои не сакаат да станат воени злосторници, ве молиме да се предадат, да пребегнете на украинската страна и да ја браните сопствената чест и совест, борете се против режимот на Путин – додаде тој.
Тајната служба го убедила младиот човек да оди на украинската страна како дел од специјална, долга операција.
Според онлајн порталот „Украинска правда“, хеликоптерот слетал во областа Харков во источна Украина. Двајца членови на екипажот загинаа. Пилотот е во Украина со своето семејство, кое претходно побегна од Русија.
Во земјата се наоѓа и хеликоптер, за кој се вели дека носи резервни делови за руските борбени авиони, објави „Украинска правда“.