Беспилотно летало со американски мотор се урна кај Ногинск, во близина на Москва, пишува руска РИА.
Ногинск е град со околу 100.000 жители, тој е на само 50 километри од Москва, па оваа вест навистина ги загрижи Русите кои се прашуваат „Па што прави нашата противвоздушна одбрана, за која ни велат дека е најдобра на светот?
– Беспилотно летало тешко околу 100 килограми е пронајдено на периферијата на градската област Богородски – пишува РИА.
#Russian media reports that a kamikaze drone with 17 kg of explosives fell in the #Moscow region. It was found in the village of Vorovskoye near Noginsk. pic.twitter.com/DLK6Rg2O7n
— NEXTA (@nexta_tv) April 24, 2023
Иако првите информации велеа дека во дронот немало експлозив, ТАСС јави дека во леталото сепак имало експлозив.
– Авионот е преполовен и во него е пронајден експлозив – пишува ТАСС.
Руските безбедносни служби истражуваат од каде е лансирано леталото.
– Урнатото летало е UJ-22 Airborne. Произведено во Украина. Вкупната тежина на експлозивот е 17 килограми. Експлозивот не се активирал. Максималниот опсег на летот на таков дрон е 800 км. Лета на височина од 50 метри со брзина од 130-140 км/ч – пишуваат руските медиуми.