642
Руските медиуми пренесуваат дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој е близок до Владимир Путин, пристигнал во Мариупол за да го подигне борбениот дух на неговите борци кои учествуваат во нападот на тој голем пристаништен град во југоисточна Украина.
– Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е во Мариупол за да го подигне моралот на нашите борци, изјавил Ахмед Дудаев, близок соработник на Кадиров, пренесува руската новинска агенција РИА Новости.
На социјалните мрежи се објавени фотографии и видеа од Кадиров со триесетина вооружени лица во просторија која наводно се наоѓа во Мариупол.
Информациите засега не можат да бидат потврдени од независни извори.