623
Втората по големина руска нафтена компанија Лукоил денеска повика на прекин на конфликтот во Украина.
„Одборот на директори на ЛУКОИЛ со ова ја изразува својата најдлабока загриженост за трагичните настани во Украина. Повикувајќи на што поскоро прекинување на вооружениот конфликт, ја изразуваме нашата искрена емпатија за сите жртви, кои се погодени од оваа трагедија. Силно поддржуваме траен прекин на огнот и решавање на проблемите преку сериозни преговори и дипломатија, се вели во соопштението на компанијата.
Според Ројтерс, Лукоил е во мнозинска сопственост на Вагит Алекперов и неговиот заменик Леонид Федун.