Руски карго брод запленет од француските власти

by Fokus

Руски брод е запленет од француски официјални власти во Ламанш.

Француските власти веруваат дека тоа може да биде поврзано со компанија осомничена за кршење на трговските санкции поврзани со војната во Украина.

Би-Би-Си јави дека француските власти објавиле дека руски товарен брод долг 127 метри наречен „Балтички лидер“ што превезувал автомобили бил пресретнат во текот на ноќта од француската морнарица и придружуван до пристаништето Булоњ-Сур-Мер во северна Франција“.

-Однесен е во француското пристаниште по барање на француската влада, бидејќи постои сомнеж дека припаѓа на компанија што е цел на санкциите на ЕУ против Москва. Екипажот на „Балтички лидер“ соработува со француските власти“.

Бродот беше запленет утрово. Руската Амбасада бара формално објаснување.

Поврзани новости