Руски гувернер: 7 повредени во украинско гранатирање, меѓу кои и едно дете

by Fokus

Седум цивили, меѓу кои и едно дете, се повредени во текот на ноќта во украинското гранатирање на градската област Валујки во руската област Белгород на границата со Украина, изјави денеска гувернерот на провинцијата.

Оштетени се пет катни згради и четири куќи, а една зграда се запали, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков на комуникациската платформа Телеграм.

Роман Старовојт, гувернер на Курската област, која е северно од Белгород и исто така се граничи со Украина, одделно рече дека украинските сили гранатирале две села таму.

Според првичните информации нема жртви. Ројтерс не може независно да ги потврди извештаите.

Украина речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во Русија или на териториите под контрола на Русија во Украина. Двете страни негираат дека целеле цивили во речиси 16-месечната војна што Русија ја започна против соседната земја.

Во последните неколку месеци речиси секојдневно се случуваат експлозии и напади на пограничните провинции на Русија, а руските власти ги обвинуваат или украинските сили или проруските диверзанти.

Во исто време, заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, потврди во понеделникот дека украинските сили ослободиле осум населени места во последните две недели од нивните офанзивни операции, вклучувајќи го и селото Пјатихатки.

„Во текот на двенеделните офанзивни операции во правец на Берџанск и Мелитопоље беа ослободени осум населени места“, рече Малиар на апликацијата за пораки Телеграм.

Поврзани новости