Украинско беспилотно летало го нападна западниот руски град Курск, при што е погодена железничка станица и ранети се пет лица, изјави гувернерот на регионот.
„Украински дрон го нападна Курск“, објави Роман Старовоит на Телеграм.
Според првичните информации, дронот удрил во покрив на зградата на станицата, а потоа избувнал пожар.
-Пет лица се полесно повредени – додаде гувернерот.
Градот Курск се наоѓа на само околу 90 километри од границата меѓу Русија и Украина.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на Телеграм објави дека беспилотно летало се обидело да лета кон Москва и дека нападот бил спречен од ПВО.
Според руското Министерство за одбрана, дронот бил пресретнат над реонот Ступински во московската област додека се движел кон главниот град.