Руски функционер му предложи на министерот Шојгу да се самоубие

by Fokus

Кирил Стремусов, вториот човек на Херсон, регионот анектиран од Русија, сугерираше дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу поради поразот на бојното поле, би требало да размисли за самоубиство. Станува збор за изненадувачки, па и невиден јавен напад на еден од највисоките руски претставници, пишуваат дел од светските медиуми.

Над седум месеци војна, а не се остварени ниту најосновните воени цели што ги зацрта Русија со инвазијата на Украина. Минатите месеци руската војска претрпе низа порази на бојното поле и рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација, потсетуваат медиумите.

Заменикот на лидерот на анектираниот Херсон, Стремусов во видео порака јавно ги прозва  генералите и министрите во Москва затоа што не ги разбираат проблемите на бојното поле.

– Навистина, многумина велат дека би се убиле, како офицери, доколку како министри за одбрана би дозволиле да се случуваат вакви работи. Но, знаете дека зборот „офицер“ за многумина е неразбирлив, вели 45-годишниот Стремусов.

Поврзани новости