374
Министерството за надворешни работи на Црна Гора прогласи еден дипломат од Руската амбасада акредитиран во Црна Гора за персона нон грата, соопшти денеска Министерството.
Тие наведуваат дека одлуката е донесена поради активности кои се во спротивност со членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи.
Формалната нота за оваа одлука, во која се наведува рок од седум дена за напуштање на територијата на Црна Гора, денеска му била доставена на рускиот амбасадор Владислав Маслеников, соопшти Министерството.