639
Прогонетиот руски бизнисмен Михаил Ходорковски, истакна дека верува дека рускиот претседател, Владими Путин „полуде“ поради текот на војната во Украина, затоа што верувал дека Украинците ќе го „дочекаат со цвеќе“.
Тој додаде дека сега првиот човек на Русија има три опции, но неговото останување на власт е под знак прашалник.
„Во почетокот сакаше да ја промени власта во Киев, да стави своја марионета и очекуваше дека тоа ќе биде пречекано со цвеќе кое на улиците го фрла украинскиот народ. Фактот дека луѓето од Харков не го дочекаа со цвеќе, мислам дека го излуде. Тогаш почна со борбардирањето на Харков и Киев“, истакна Ходорковски.