Руски бизнисмен близок до Путин има фирма за брзи кредити во Македонија

by Fokus

Олег Викторович Бојко – бизнисмен од Русија кој е на листата за санкции на три земји, поради поддршката на руската инвазија врз Украина, поседува фирма за брзи кредити во Македонија, објави РСЕ.

Бојко има санкции во Украина, Канада и Австралија, а американското Министерство за финансии го стави на таканаречената „Листа на Путин“, во која се наоѓаат руски олигарси блиски до рускиот претседател Владимир Путин.

Тој има компании за брзи кредити во над 30 земји во светот.

Во земјава е влезен преку „Digital Finance International“ и поседува филијали за брзи кредити познати како „Forza“ и „Kreddy“, а неодамна неговата фирма ја најавува и продавницата за брзи пари „Hipokredit“ со кој може да се подигне кредит до 65.000 евра со залог од недвижен имот со рок на отплата до 15 години.

Со депозит од половина милион евра, компанијата „Digital Finance International“ е регистрирана во Централниот регистар во 2016 година, пренесува РСЕ.

 

Поврзани новости