0
Авион на руската компанија „Урал ерлајнз“ принудно и безбедно слета на аеродромот во Шарм ел Шеик, Египет, поради технички дефект на еден од моторите, соопшти египетското Министерство за цивилно воздухопловство.
Инцидентот се случил непосредно по полетувањето од аеродромот во Шарм ел Шеик. Авионот, модел „Ербас А-321“, превезувал 236 патници кон Екатеринбург во Русија.
Техничките екипи спроведуваат инспекција за утврдување на причините за дефектот и вршат неопходни поправки. Компанијата информираше дека обезбедила резервен авион за продолжување на летот.