Руските сили се соочуваат со „значителен” недостиг на артилериска муниција што ги поткопува нивните операции во Украина, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
– Русите имаат проблеми со логистиката од самиот почеток на војната во Украина и „се уште имаат проблеми со логистиката”, изјави Остин пред американски новинари. – Кај нив има значителен недостиг на артилериска муниција, потенцира американскиот секретар.
Руските сили во голема мера се потпираат на артилерија…пред да маневрираат со копнена акција, рече Остин. – За таков вид операција, потребна е многу муниција. Не сум сигурен дека тие имаат таков вид муниција за да можат и натаму да функционираат на овој начин, истакнува секретарот за одбрана.
Остин, исто така, рече дека руското снабдување со прецизно наведувана муниција е „значително намалено” во текот на деветмесечниот конфликт и дека Москва нема да може брзо да ги замени поради трговските ограничувања за предмети како што се микрочиповите.