ВИДЕО Руската војска киднапирала украински градоначалник

by Фокус

Русите го киднапирале градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров.

Од украинското МНР велат дека вооружената агресија на Руската Федерација против Украина е придружена со груби прекршувања на нормите и принципите на меѓународното право, вклучувајќи го меѓународното хуманитарно право, воените злосторства и злосторствата против човештвото, како и други прекршувања на човековите права.

„Руските војници, кои веќе втора недела вршат ракетни и бомбашки напади врз цивилни објекти и инфраструктура во Украина, вклучително и детски болници и училишта, цинично го обвинуваат градоначалникот за „тероризам”. Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции и Дополнителниот протокол, кои забрануваат земање цивилни заложници за време на војна. Ја повикуваме меѓународната заедница веднаш да одговори на киднапирањето на Иван Федоров и другите цивили и да го зголеми притисокот врз Русија да ја прекине својата варварска војна против украинскиот народ“, велат од министерството.

Поврзани новости