Руската војска ја зазеде фабриката за кокс во Авдијевка: украинските трупи продолжија да се повлекуваат

by Fokus

Руски војници целосно ја окупираа фабриката за кокс во Авдијевка, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија.

– Групата на трупите „Центар“, напредувајќи во офанзивата, ја презеде целосната контрола врз станицата за кокс. Руски знамиња се истакнати на административните згради на фабриката – се наведува во соопштението.

Се додава дека украинските единици продолжиле да се повлекуваат.

Во саботата, на 17 февруари, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу поднесе извештај до рускиот претседател Владимир Путин во кој изјави дека руската армија целосно ја презела контролата над Авдиевка, додавајќи дека операцијата ја извршила воената група „Центар“ под команда на Андреј Мордвичев.

Авдијевка се наоѓа северно од Доњецк, а борбите за тој град меѓу украинските и руските сили траат веќе неколку месеци.

Поврзани новости