Руската православна црква денеска за првпат официјално ја призна независноста на Украинската православна црква.
-Учесниците на Соборот едногласно го поддржаа барањето на митрополитот на Киев и на цела Украина Онуфриј во Уставот на Mосковскaта патријаршија да се даде посебна глава за Украинската православна црква, објавија руските медиуми.
Ова значи дека во Уставот на Московската патријаршија сега пишува дека центарот за управување на Украинската православна црква се наоѓа во Киев.
Истовремено руските и српските медиуми јавуваат дека утре во Москва рускиот патријарх Кирил ќе се сретне со бугарскиот патријарх Неофит и со српскиот патријарх Иринеј. Со бугарскиот патријарх ќе патуваат и дел од владиците што се во составот на комисијата што Бугарската православна црква ја оформи за да разговара со другите помесни православни цркви за статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.