Руската репрезентација на подготовки во Скопје

by fokus

Репрезентацијата на Русија и за Европското првенство во јануари своите подготовки ќе ги одработи во Скопје, а од денеска до 2 јануари ќе се тренира во СЦ „Јане Сандански“ каде што ќе се темпира формата за контролните средби во Шпанија и потоа за настапот на ЕП во Шведска, пренесе порталот 24 Ракомет.

Едуард Кокшаров повика 22 ракометари за тренинзите во Скопје и овие играчи ќе се борат за место во тимот кој ќе настапи на шампионатот односно за место во составот на Европското првенство.

Според планот на Кокшаров, Русите ќе тренираат во Скопје  една недела.

Поврзани новости