366
Москва тврди дека руската противвоздушна одбрана соборила дрон во близина на авиобазата Енгелс.
– Системот за противвоздушна одбрана собори беспилотно летало во регионот на Енгелс, изјави регионалниот гувернер Роман Бусаргин.
Тој додаде дека остатоци од дронот оштетиле станбена зграда, но нема информации за евентуално повредени лица.
Москва третпат тврди дека е нападната авиобазата Енгелс, што е лоцирана во близина на украинската граница. Базата Енгелс е една од двете во кои се сместени руските авионуклеарни сили. Според Русија во нападите врз базата Енгелс загинале најмалку шест војници.
Украина досега нема преземено одговорност за нападите врз Русија, но ги нарече карма