Руската полиција уапси тројца соработници на Навални

by Фокус

Руската полиција приведе тројца поранешни регионални координатори на изборниот тим на Алексеј Навални на сослушување во период на континуираниот притисок врз соработниците на затворениот опозициски лидер.

Домот на Захар Сарапулов, кој беше на чело на штабот во Иркутск на мрежата на регионални изборни групи на Навални, бил претресен рано утрото, а Сарапулов бил приведен од Истражниот комитет.

Истото утро била извршена рација во седиштето на забранетото Поморско движење во Томск, а неговата поранешна шефица Ксенија Фадејева била приведена во својата викендица и одведена на сослушување.

Регионалниот координатор Андреј Городецки е приведен во Саратов.

Не е јасно дали пријавената рација против Вадим Останин, четвртиот соработник на Навални и поранешен шеф на неговата канцеларија во Барнаул, резултирала со негово притворање или со обвиненија.

Леонид Волков, кој е меѓу неколкуте соработници на Навални кои побегнаа од Русија оваа година под притисок на руските власти, преку соопштение на каналот Телеграм, ја опиша ситуацијата како „огромна катастрофа“.

Волков напиша дека и Сарапулов и Фадејева, претходно го отфрлиле неговиот совет да ја напуштат земјата.

Поврзани новости